header-frame
alternative
alternative
alternative
alternative
alternative
alternative
alternative
alternative

Геоматика

Докажани експерти во сите области од геоматика и инженерска геодезија.

alternative

ГИС

Географски информациски системи (ГИС) за масовни просторни податоци.

alternative

Проектирање

Проектирање објекти од хидроградба, нискоградба и високоградба.

УСЛУГИ

Докажани експерти

Со нашето континуирано кадровско и техничко усовршување со цел да бидеме во тек со најновите технологии, нашата експетиза и искуство, ги нудиме следните услуги.

alternative

Лидери во геоматика

Нудиме секаков вид геодетски услуги со најсофистицирана и високопрецизна опрема.

  • Теренско топографирање
  • Инженерска геодезија
  • Анализа на теренски податоци
  • Секаков вид геодетски мерења
  • Менаџмент на рудници и копови за експолатација на минерални суровини
alternative

Стотици километри зад нас!

Проектирање на секаков вид објекти од хидроградба, нискоградба и високоградба.

  • Сообраќајници - улици, локални, регионални и магистрални патишта
  • Цевоводи - водоводи, фекални и атмосферски канализации, гасоводи, системи за одводнување и наводнување, каналски мрежи
  • Инфраструктурни објекти - ТИРЗ (Технолошко Индустриски Развојни Зони), ПСОВ (Пречистителни станици за отпадни води), индустриски објекти
  • Станбени и деловни објекти
alternative

Географски информациски системи

ГИС е неопходен дел од секојдевното работење на многу институции и компании со физичка инфраструктура, за таа цел нудиме:

  • Мапирање на теренска инфраструктура
  • Креирање на ГИС
  • Менаџмент и одржување на ГИС
РЕГИОНАЛНИ ЛИДЕРИ

ЗА НАС

ГЕОГАУС е биро за геодетски работи основано во 2005 година, специјализирано пред сe за извршување на геодетски работи од областа на инженерската геодезија, проектирање на инфраструктурни објекти и менаџмент на геодетски работи.

Со примена на најсовремена и софистицирана геодетска опрема како и кадровски потенцијал ги извршуваме сите теренски и канцелариски геодетски работи - теренски геодетски мерења: снимања, обележувања и тековно геодетско водење на градежни објекти од секаков вид; анализа и обработка на мерените податоци и проектирање.

Со користење на современа техничка опрема, вршиме автоматизирана обработка и анализа на снимени геодетски теренски податоци. Со користење на CAD - софтвери вршиме проектирање на сите видови инфраструктурни објекти од областите на нискоградбата и хидроградбата. Позади нас стојат километри проектирани и изведени линиски објекти - патишта, улици, фекални и атмосферски системи, водоводни системи, каналски мрежи како и голем број геодетско изменаџирани објекти - технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), мали хидроцентрали, сончеви централи, пречистителни станици за отпадни води, мостови, викенд населби, уредување на езерски крајбрежија, езерски марини, плоштади итн...

ГЕОГАУС врши комплетно менаџирање на геодетски работи за потребите на концесионерите на позајмишта за експлоатација на минерални суровини, тековно водење на коповите, периодични и годишни прикази на откопани количини.

Сега е време за соработка!

Станете дел од многуте задоволни клиенти.

Контакт

Листа на проекти

Нашите социјални профили

footer-frame