1. Дефинирање на поими

ДППГУТ ГЕОГАУС ДООЕЛ увоз-извоз, се среќава во содржината на вебсајтот како: ГЕОГАУС, Биро за геодетски работи - Геогаус, Геогаус - Биро за геодетски работи, Ние. Во понатамошниот текст: ГЕОГАУС.

www.geogaus.com, се среќава како: Нашиот вебсајт, Вебсајтот на ГЕОГАУС. Во понатамошниот текст: Нашиот вебсајт.

Профили на социјални мрежи, а тоа се мрежите: Facebook, Instagram, Google. Во понатамошниот текст: Социјални профили.

Содржина, а тоа претставува слика, видео, ГИФ и секаков вид мултимедијална содржина, текст, извадок од текст како и референци кон трети лица. Во понатамошниот текст: Содржина (мн. Содржини).

2. Интелектуална сопственост

Нашиот вебсајт и социјалните профили се во сопственост на ГЕОГАУС. Истите се управувани од страна на ангажирани лица. За содржината, информациите и податоците прикажани на Нашиот вебсајт и социјалните профили е одговорно ангажираното физичко или правно лице, кое ги управува.

Сите проекти прикажани на нашиот вебсајт и социјалните профили, се проектирани, геодетско изменаџирани или ГЕОГАУС има учество во текот на нивната изведба, aнгажирани од страна на инвеститорот, изведувачот или било кое друго надлежно физичко/ правно лице.

ГЕОГАУС го задржува авторското право за сите содржини прикажани на Нашиот вебсајт и социјалните профили на кои експлицитно е назначено дека претставува сопственост на ГЕОГАУС. За секоја останата содржина која е превземена од трето место, ГЕОГАУС се оградува од било какви авторски права, и истите припаѓаат на авторот на содржината.


 
Назад
footer-frame